Министерот за внатрешни работи Спасовски си поднесе оставка од партиската функција во СДСМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утрово си поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. Оставката до партиските органи Спасовски ја поднесе писмено.

Тој беше реизбран за потпретседател на владејачката партија оваа година, а од 2013 до 2017 ја извршуваше функцијата Генерален секретар на СДСМ.

Со овој потег, се подгреваат коментарите дека Спасовски ќе си оди и од извршната власт зашто засега нема информација дали тој ќе биде дел и од реконструираниот владин кабинет.