Министерот за внатрешни Агиу тврди: Чавков е виновен за доцната реакција на МВР


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на денешната пресконференција изјави дека во име на министерството ги осуди настаните во Собранието и извести дека дел од структурите во МВР не си ја завршиле работата за што, како што рече мора да има одговорност. Според него, бил формиран оперативен штаб, кој требало да биде подготвен да се справи со сите можни сценарија, а главен на штабот бил директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Нухиу порача дека синоќа Чавков не бил достапен за него за време на настаните во собранието.

Сакам да потенцирам дека за жал е очигледно дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога. што е за секаква осуда. Дел од вработените наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат обврските постапуваат по наредби на политички центри. Нешто што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано. Внатрешна контрола е вклучена и ќе бараме одговорност за сите што не постапиле согласно законите вклучително и сите од оперативниот штаб, рече Нухиу.

МВР, потенцира е институција која треба да го гарантира јавниот ред и мир, а не да биде под влијание на политички структура со цел злоупотреба во нивни цели. Тој порача дека најголем дел од вработените во МВР се професионалци и им се заблагодари, бидејќи со нивна помош била ставена ситуацијата под контрола. МВР, како што рече, стапила во контакт со ЈОРМ со цел обезбедување на сите материјали за расчистување на настаните.

Згрозен сум од постапката на дел од демонстрантите кои подолг период не и дозволуваа на итната помош да влезе во Собранието. Тоа е нечовечки и за секаква осуда. Чувствувам морална одговорност затоа што за овие 4 месеци колку што сум на чело на МВР не успеав да го тргнам влијанието на политичката во раководните структури во МВР, затоа ќе барам мое повлекување и ќе направам се за трансфер на власта и ќе барам законска и кривична одговорност на раководството на МВР за вчерашните настани, рече тој.

На прашањето дали тоа значи дека поднесува оставка од функцијата, Нухиу повтори дека негово повлекување, ќе бара од лидерот на партија од која е назначен за министер, односно до ДУИ.