Актуелно

Министерот за надворешни пред оставка: Димитров се повлекува во јули?

Македонија и Грција се враќаат на пониско ниво на разговори за името откако во Њујорк по ден и половина разговори не беше постигнат договор меѓу двете земји. Доколку до крајот на јуни до Самитот на ЕУ и почетокот на јули до Самитот на НАТО, Македонија и Грција не најдат компромис и пропадне целиот процес на преговри, се шпекулира дека е можно повлекување на министерот за надворешни работи Никола Димитров, пишува весникот Вечер.

Македонија и Грција се враќаат на пониско ниво на разговори за името откако во Њујорк по ден и половина или вкупно осум цаса разговори не беше постигнат договор меѓу двете земји за предлогот Република Илинденска Македонија. Овој предлог беше отфрлен од страна на Грција по што сега се преговара за други опции кои целосно го менуваат пакетот за промена на устав и ерга омнес содржан во пакетот со Илинденска Македонија.

Министерот Димитров образложувајќи го пакетот со Република Илинденска Македонија изјави дека ако нема договор за овој македонски предлог двете земји ќе се вратат на ниво на разговорите кои се водеа во Виена и Охрид каде што се разговарало не за финалните прашања туку за суштинските проблеми како опсегот .

Преговорите за името продолжуваат неделава во Брисел каде што претходно грчкиот минсистер Коѕијас ќе замине во официјална посета и за проблемот со името ќе разговара со високи европски претставници. Според грчките медиуми по разговорите во Њујорк во игра повеќе од сите други предлози на медијаторот Нимиц е Северна Македонија.

„Разговаравме еден и пол ден и работевме многу. Прашањата се дефинирани и прецизирани, а преговорите интензивирани. Двете страни имаат важни позиции, а во прашање се националните интереси. Клучно е што тие ја препознаваат важноста на постигнувањето на решение по ова прашање, па одлучни се да го сторат тоа”, изјави Нимиц.
Според аналитицарите ненаоѓање на решение е полошо отколку решение кое не ги задоволува и двете страни. Според Петар Арсовски, останува во рацете на преговарачите дали ќе го спасат процесот или ќе го остават да потоне.
Грчкиот весник „То вима” објави дека на преговарачката маса останаа само три предлози: „Горна Македонија”, “Нова Македонија” и „Северна Македонија”.

Доколку до крајот на јуни до Самитот на ЕУ и почетокот на јули до Самитот на НАТО, Македонија и Грција не најдат компромис и пропадне целиот процес на преговори , се Шпекулира за можно повлекување на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров е најдобар познавач на спорот за името кој од 2003 година е дел од преговорите. Тој во беше преговарач се додека во 2010 година не беше сменет од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а претходно беше и национален координатор за НАТО во владата на Никола Груевски.

Извор: Вечер

Advertisements
To Top