Министерот Салији се извини: Нема веќе погрешно да паркирам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако македонската јавност на социјалните мрежи бурно и револтирано реагираше на паркирањето на службениот автомобил од страна на министерот за правда, Биљен Салији, кој беше фотографиран од екипата на А1ОН пред Министерството за правда, на тротоар, тој посочува дека тоа веќе нема да се повтори.

„Нема да се повтори погрешно да паркираме. Возилото е веќе тргнато од тротоарот, а беше таму поради итноста на обврските што ги имав во текот на денот, поради кои неколкупати го напуштав министерството, пренесува Телевизја 24 министерот за правда, Биљен Салији.