Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за здравство, Венко Филипче, денес оствари средба со трите сестри од Инфективната клиника во Скопје (од кои едната беше главна сестра на одделението), кои си дадоа отказ од работните места, а отказите беа објавени и во јавните медиуми.
Разбирам дека се исцрпени и преморени целиот медицинскиот персонал за време на коронакризата и ќе направам сè што е во моја моќ да ги задржам во јавното здравство, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој утрово се сретна со трите медицински сестри кои си дадоа отказ од Инфективна клиника.
„Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во вака тешки услови, со многу стрес и замор разбирливо е да дојде до потреба за промена, за што целосно ги разбирам“, рече Филипче
Тој разговарал со Зорица Љубичиќ Митиќ, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа трите медицински сестри кои во текот на вчерашниот ден поднесоа откази до Управата на Клиниката.
„ Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа, повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се да ги мотивирам здравствените работници,“ рече Филипче.
Во Барањето за отказ на главната медицинска сестра која 28 години работи на клиниката навела дека „причините за отказ се многубројни, но меѓу нив се непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра како една од најважните алки во медицинскиот тим“.
Покрај неа откази дадоа и двете одделенски сестри, едната е на одделот за Ургентна инфектологија, а другата од одделот за неуроинфекции.
Отказите на трите медицински сестри доаѓаат во време на пандемија со коронавирус кога Инфективната клиника заедно со ГОБ “ Септември“ се столбот и го понесоа најголемиот товар со лекувањето на пациентите со Ковид-19.