Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за образование и наука Арбер Адеми на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирус.
„Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал тестот е позитивен!“, напиша Адеми.
Адеми апелира до граѓаните да ги почитуваат протоколите поради сопственото здравје и она на најблиските.
Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши објави дека е позитивен на КОВИД-19.