Министерката Дескоска: Сметката за струја од студентскиот дом Гоце Делчев е платена


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поради неплатени сметки била исклучена струјата во Студентскиот дом Гоце Делчев, а не поради како реновирање и поправки, како што им кажувале на студентите. Денот поминат без струја ги натера студентите да се снаоѓаат кој како знае и умее да учи во други објекти. На ова реагираше министерката Рената Дескоска која интервенираше струјата да биде вклучена веднаш.

Недомаќинското работење на претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ, вчера го почувствуваа и студентите сместени во Студентскиот дом Гоце Делчев. Заради големи долгови за струја, беше исклучена струјата во домот. За жал, никој од одговорните во Студентскиот дом не ме известија за тоа дека струјата се исклучува. По добиена информација од јавноста, веднаш интервениравме струјата да биде приклучена. Пред студентскиот дом затекнав неколку студенти, кои седеа во мракот. Поразговаравме за ситуацијата, околу наследените долгови, погрешните приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кои место во студенстки стандард и корисни проекти вложуваа во споменици и фасади од стиропор. Студентите се свесни за причините за состојбите во домовите и игрите без граници кои ги прават функционерите од претходната власт кои сеуште држат позиции и не се разрешени. За осуда е секој обид да се наштети на студентите и учениците заради остварување на ситни политички поени! Учениците и студентите не смеат да бидат предмет на политички игри и пресметки! Тие се наши деца! Тие се иднината на Македонија!, посочи Дескоска.