Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Согласно најновата седмична одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ, бензинот и дизел горивото да поевтинат за половина денар, додека нафтата за домаќинствата ќе се продава за еден денар пониска цена. И на мазутот се намалува цената.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика наведувајќи дека станува збор за намалување во просек з 1,35 отсто.
Новите цени ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 – 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 56,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 45,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 35,393 (денари/килограм)