Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерите на Вардар со минимален резултат 1:0 (0:0) го совладаа Копенхаген, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, пренесува Спортски.мк.
Вардар со тактички зрела и пожртвувана игра успеа да ја остари целта, со победа без примен гол да патува на реваншот во Копенхаген.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Балотели во 65-та минута.
Во финишот на мечот Копенхаген можеше до израмнување, но Гачевски два пати брилијантно интервенираше. Првиот пат во 84-та минута кога Сантандер биеше со глава, а потоа го спречи и обидот на Томсен во 92-та минута.