Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На дневен ред на денешното продолжение на 12. Собраниска седница се законите за минимална плата, стечајците и за радиодифузната такса. Пратениците ќе расправаат и за предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.
Освен тоа на дневен ред се останати уште и предлог законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка, предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка, предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.