Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Без значајни промени во однос на претходните денови ќе помине и четврток. Претежно ведро, само локално со сосема мала облачност и онаа веќе добро позната заматеност на атмосферата низ колтлините, но послаба од претходните денови. Ветер ќе дува од север, но генерално слаб.
Наутро минималната температура ќе има вредност помеѓу -4°С и -6°С низ котлините и околу -8°С во малешевскиот крај. Очекуваме сосема мал пораст на температурата. Таа ќе има максималната вредност помеѓу 4°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 12°С.
Скопскиот регион очекува ведро време, но повторно со препознатливата заматеност на атмосферата. Наутро ќе биде студено со минимална температура која ќе има вредност околу -6°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 7°С.