Мини верзија на легендарниот Ford Escort од 90.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минијатурна верзија на модел од втората генерација од легендарното издание на Ford Escort, беше проценета на 90.000 евра поради материјалите од кои е изработена. Малиот автомобил има голема вредност поради тоа што е направен од злато, сребро и драги камења.

„Каросеријата е направена од сребро, тркалата од 18 – каратно злато,. Во автомобилот има вградено 600 руски црни дијаманти. Рубини користев за задните светла“, изјавил јувелирот Расел Лорд, краторот на ова мало автомобилче, долго околу 15 сантиметри. Јувелирот Лорд инаку е сопственик на 55 примероци на „Ford Escort“.

Дијамантите се користени и за предните светла, а еден се наоѓа и на врвот на менувачот. Автомобилот дури има и плочка со сериски број.

Моделот е изработен во размер 1:25 во однос на оригиналот. Автомобилчето поради металите и дијамантите вградени во него се проценува на околу 90.000 евра.

Расел Лорд досега во креирањето на овој уникатен мал автомобил потрошил околу 2.500 работни часови.