
Шаурмата е популарно јадење кое ни доаѓа од Блискиот Исток.
Нејзината суштина е во месото (пилешко, говедско), кое е тенко сечено и наредено на вертикален скара-рачан, кој полека се врти и пече. Обично се сервира во лепиња или тортиља и се надополнува со сосови и зеленчук по избор. Меѓутоа, не дозволувајте тоа да ве исплаши, бидејќи многу лесно можете да ја подготвите мини верзијата на шаурма дома. Овој пат, ја избравме пилешката варијанта, која благодарение на брзата маринада и кремастиот сос, добива посебен вкус.
ПОТРЕБНО:
- 450 г пилешко месо
- ¼ шолја екстра девствено маслиново масло
- Кора и сок од еден лимон
- 2 лажички лук во прав
- 1 лажичка мелен ким
- ¾ лажичка мелен коријандер
- ½ лажичка димена пиперка
- 1 лажичка свежо мелен црн пипер
За сос:
- 1 и пол шолја грчки јогурт
- 1 лажица сок од лимон
- 1 чен лук, рендан
- ¼ шолја сечкан свеж магдонос
- 2 лажици сечкан свеж копар
- Сол и свежо мелен црн пипер
- ½ главица кромид, тенко исечен
- 4 листа марула
- ½ краставица
- 2 домати
- 16 мини пити (во грчки стил)
ПОДГОТОВКА:
1. Пилешкото месо ставете го во поголема пластична кеса. Во помал сад измешајте го маслиновото масло, лимонот (кората и сокот), лукот во прав, кимот, коријандерот, димената пиперка и пиперот. Ставете ја маринадата во кесата со пилешкото, добро затворете ја и оставете да се маринира најмалку 1 час.
2. Во друг сад измешајте го грчкиот јогурт, сокот од лимон и ренданиот лук. Додајте го магдоносот и копарот, зачинете со сол и бибер, покријте и оставете во фрижидер.
3. Загрејте поголема тава на средна температура. Извадете го пилешкото од маринадата и ставете го на тавата. Пржете го од сите страни околу 5 минути. Кога ќе биде готово, исечете го на ситни парчиња.
4. Ставете мини пита на чинија, па врз неа сечкан кромид, зелена салата, краставица и домат. Одозгора додајте го пилешкото и сервирајте веднаш.