Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прекумерното консумирање на популарно наречената „кисела“ вода може да ги оштети бубрезите и да ги влоши евентуалните веќе постоечки проблеми со високиот крвен притисок.
Минералната вода сè почесто се користи како поздрава алтернатива за производство на прекумерно засладените газирани пијалоци. Се пие чиста, или се меша со бело вино, а во преголеми количини може сериозно да му наштети на здравјето, тврдат британските научници.
Тие анализираа десетици различни видови од најпопуларните европски газирани води и заклучија дека тие во просек содржат од два до дури 11 пати повеќе количество на соли во однос на водата од чешма.
Научниците предупредуваат дека редовното и прекумерно консумирање на ваквата вода може да предизвика проблеми со бубрезите, да го влоши високиот крвн притисок и да го зголеми ризикот од мозочен и срцев удар.
„Ако пиете повеќе од еден литар минерална вода на ден, можете сериозно да си го загрозите вашето здравје, додека повременото и умерено консумирање на истата не претставува проблем“, вели нутриционистот Соња Помбо.
Сепак, експертите советуваат дека луѓето со висок крвен притисок, генерално, треба да избегнуваат пиење „кисела“ вода.