Минералната вода – добар начин да се хидрира организмот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љубителите на минералната вода можат да воздивнат, бидејќи нема причина да се грижат за своето здравје. Постојат многу митови во врска со минералната вода, дека „го извлекува“ калциумот од коските, дека го чисти забниот камен. Што од тоа е вистина?

Ако сакате минерална вода,не постои ниту една причина која би ве спречила да уживате во неа. Минералната вода е без калории и шеќер, одлична замена за газираните пијалоци кои содржат шеќер, а особено е добра ако се пие на празен стомак бидејќи создава чувство на ситост.

Немате причина да се грижите за забниот камен. Студијата објавена во „Journal od Oral Rehabilitation“ докажува дека ризикот од забен камен е 100 пати помал кај минералната вода отколку кај останатите безалкохолни пијалоци.

Исто така, истражувачите од Центарот за Остеопороза, докажаа дека минералната вода нема негативно влијание на коските на луѓето за разлика од некои газирани пијалоци кои ја намалуваат густината на коските во женските колкови. Откриено е дека е намалена просечната густина на коските само кај жени кои пиеле 3 пати неделно слатки газирани пијалоци.

Сите експерти се согласуваат дека минералната вода е безопадсна додека низ исхраната внесуваме доволно калциум. Докажано е дека луѓето кои пијат имаат помалку проблеми со вишокот на килограми, бидејќи меурите им создаваат чувство на ситост. Без оглед на меурите, еден дел од дневно препорачаната доза на течност можете да ја замените со минерална вода. Единствено ограничување постои кај луѓето кои страдаат од синдромот на воспалени црева.