Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став.
– Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин и е во согласност со демократските традииции на РМ од 2004 година и Кодексот на Венецијанската комисија при советот на Европа од 2007 година – вели Милошоски во соопштението што го испратил до Џафери.
Пратеникот Милошоски, притоа бара од македонското Собрание да му обезбеди средства предвидени за таа намена.