Милошоски: Дали Владата крие анкета за името спроведена во јули?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски на својот Твитер профил запраша дали македонската влада крие анкета која покажува реазултати кои не и одговараат во однос на процесот за промена на името на Македонија.

„@VladaMK крие анкета спроведена во Јули?! На прашање дали ќе излезете на референдум, само 31% рекле ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 гласачи. Мнозинството одговориле #бојкот. Во Битола само 22% анкетирани рекле ќе излезат на референдумот (18.000 од 83.000 гласачи)!“, напиша Милошоски на Твитер.