Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милошоски од претседателот на Парламентот Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владеачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.
-Во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, ја користиме оваа прилика, да укажеме на следново. Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум, кој што го организираше власта и владејачкото мнозинство и на кој што народот јасно се изјасни, дека немал одлука која што дава мандат за уставни измени. Гледате дека власта одолговлекува со гласањето, 19 дена се одолговлекува да се стави точката на дневен ред и да се гласа. Тоа е затоа што владејачкото мнозинство е свесно, дека за пратениците е поважна волјата на народот, отколку што се притисоците кои доаѓаат од страна на власта. Бараме од Талат Џафери без дополнително одлагање, да ја стави точката за изјаснување, да имаме гласање и да види владејачкото мнозинство дека нема двотретинско мнозинство и дека нема услови, ниту мандат да покрене уставни измени, изјави Милошоски.
Тој кажа дека тие ќе гласаат согласно волјата на народот искажана на пропаднатиот референдум и недавањето на мандат за уставни измени.