Милосавјев во тимот на колото, ја има и најдобрата одбрана (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Вардар, Дејан Милосавјев одигра клучна улога во триумфот на „црвено-црните“ на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

Вардар го победи Загреб со 27-18 и со една нога е веќе меѓу осумте најдобри во Европа, а Милосавјев доби две признанија за одличниот настап.

Тој се најде во Ол стар тимот на колото, а исто така една негова одбрана беше во Топ-5 одбрани на колото (ОВДЕ).

Тим на колото:

Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар)
Лев бек: Размус Лауге (Фленсбург)
Среден бек: Лука Циндриќ (Кјелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Кјелце)
Десно крило: Артем Козакевич (Мотор)
Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)

Фото: РК Вардар