Милито: Занети може да го убеди Меси да замине од Барса


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Интер, Диего Милито верува дека неговиот сонародник Хавиер Занети е единствениот кој може да го наговори Лео Меси да ја напушти Барселона.

Веќе подолго време се шпекулира за евентуалното заминување на Меси од Барселона бидејќи сеуште го нема продолжено договорот со својот матичен клуб.

„Тешко е во овој момент да се поверува дека Меси ќе ја напушти Барселона. Но, во фудбалот е се можно, соновите не чинат ништо и понекогаш се остваруваат. Занети има одличен и пријателски однос со Меси и ако некој може да го наговори да ја напушти Барселона, тоа е сигурно Хавиер“, изјави Милито.

Медиумите пишуваа дека новите сопственици на Интер се спремни да платат богатство за Меси, но тоа е „невозможна мисија“ бидејќи самиот фудбалер во неколку наврати потврди дека ќе остане на „Камп Ноу“.