Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со просечни вкупни приходи од 23 милиони евра поштата е во група на големи домашни компании.
Податоците од 2012 до 2016 година покажуваат дека либерализацијата на поштенските услуги минимално ги намалиле нејзините приходи. Но рак-рана на државната фирма е профитабилноста која лани била само 1 милион денари. Во годината во која одбележува 20 години главна иновација на менаџментот е „Пошта“ на сите 300 точки од својата мрежа да нуди брзи кредити на фирмата „М Кеш“, пренесува порталот Фактор.
„Македонска пошта“ во изминативе 5 години имала вкупен промет од 115,4 милиони евра, односно просечно годишно таа државна компанија има приходи од 23 милиони евра, што ја става во редот на големи македонски компании чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност.
Во овој период од пет години „Македонска пошта“ која е во целосна државна сопственост бележи тренд на мал пад на приходите и на значајни осцилациии кога станува збор за добивката. Приходот на компанијата паѓа во континуитет од 2012 година до лани. Најголем приход имала во 2012 година и тој изнесувал 1,5 милијарди денари, значаен пад има во 2014 година кога приходот се намалува за 150 милиони денари, а во 2015 година и лани компанијата успеала да одржи речиси идентично ниво на вкупни приходи. Овие податоци покажуваат дека процесот на либерализација во тој бизнис на „Македонска пошта“ не донел некаква значајна штета или намалување на приходот заради зголемување на конкуренцијата на пазарот.
Големи осцилации државната поштенска компанија, чија примарната дејност и е регулирана и е јавна услуга, има кај добивката по оданочување. Во последниве три години од 2014 до 2016 успеала да работи со добивка, а најдобар резултат има во 2015 година кога добивката по оданочување била 5 милиони денари. Лани добивката на „Македонска пошта“ била 1 милион денари, а во 2014 година била 0,9 милиони денари. Освен овие податоци на сајтот на берзата се објавени и податоци за добивката од редовно работење – сигурно најважните податоци во скромната понуда на објавени показатели. Многу важно да се истакне е тоа што „Македонска пошта“ во последните две години работи во минус, а загубата од дејноста за 2015 година е 10,2 милиони денари, а за лани е 4 милиони денари.
„Македонска пошта“ годинава има јубилеј 20 години постоење од раздвојувањето со другите функционални единици на поранешниот ПТТ. Спроед официјалните податоци достапни на веб страницата на „Македонска пошта“ компанијата има мрежа од над 300 единици ширум земјава.
На интернет страницата на „Македонска пошта“ е објавено дека „Македонска пошта“ од почетокот на овој месец во сите свои поштенски единици ги нуди апликациите за брзите кредити кои „М Кеш“ ги дава во земјава. Ова е најновата услуга што државната „Македонска пошта“ ја нуди на своите корисници.