Милионски приход: Еве колкава е највисоката годишна бруто плата во Македонија за 2016


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според годишните даночни пријави за 2016 година кои ги поднеле 439.689 граѓани, доброволно пријавиле 173.592.004.847 годишни бруто приходи и 10.133.228.081 персонален данок.

Најголем број од доброволните ГДП се поднесени во подрачјето на Регионалната дирекција Скопје 169.943, понатаму следи РД Штип 76.453, РД Прилеп 60.739 и РД Битола 55.146, РД Струмица 40.880 и РД Тетово 36.528, пренесува Денар.мк.

За 21.945 граѓани утврдени се бруто приходи над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани (421.244) оствариле бруто приходи кои се движат од 100 илјади до 1 милион денари.

Највисок годишен приход за 2016 е 255 милиони денари

За 2016 година, граѓанин од Скопје пријавил 255.4 милиони денари, што е и највисок годишен бруто приход искажан во Годишните даночни пријави за оваа година. Втор на листата, со остварен годишен бруто приход од 234.258.570 денари, исто така, е граѓанин од Скопје. На листата со највисоки приходи пријавени во Годишната даночна пријава за 2016 година има и граѓани од Струга со остварени 124.577.479 денари и од Кочани со остварени 95.796.120 денари.

Здравство, фармација и информатички технологии со највисоки плати

Највисоката годишна бруто плата во 2016 година во износ од 167.786.446 денари е исплатена во приватното здравство, па потоа следат секторот трговија / производство на фармацевтски производи и препарати; неспецијализирана трговија на големо; компјутерско програмирање; производство на фабрикувани метални производи; производство на печки и горилници; специјалистичка медицинска пракса; и адвокатската дејност. Највисокото „дополнително примање и надоместок од работен однос“ изнесува 25.6 милиони денари на годишно ниво.

Скопје со најмногу капитални добивки, а дивидендите со највисоки износи

Највисоката остварена капитална добивка е 82.8 милиони денари. Досега највисоката капитална добивка е остварена во 2008 година, и тоа во износ од 908.995.813 денари. Од повремено вршење на услуги, жител на Велес заработил 58.2 милиони денари, додека граѓанин од Скопје пријавил заработка од 109.1 милиони денари од дивиденди и други приходи остварени од учеството во добивката.

Имотни права & авторски права

Прворангираниот според вкупно остварени бруто приходи од имот и имотни права (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) во 2016 година е обврзник од Тетово, кој пријавил 65.5 милиони денари. Прворангиран според остварени вкупно бруто приходи од авторски права и права од индустриска сопственост е обврзник од Скопје, со 17.3 милиони денари.

Жител на Скопје е среќниот добитник во 2016

Прворангираните граѓани пријавиле добивки од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, кои се движат од 1 до 27 милиони денари. Највисока добивка, односно вкупен бруто приход од игри на среќа остварил жител на Скопје, кој само по овој основ остварил 27.5 милиони денари.

Струмичките и Скопските пензионери најдобро заработуваат

Највисока заработувачка пријавиле пензионери од Струмица и од Скопје, кои освен пензијата оствариле и приходи по други основи. Прворангираниот пензионер од Струмица пријавил 41,8 милиони денари вкупен годишен бруто приход по сите основи, вклучувајќи ја и пензијата. Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија е пријавен во Скопје, и тоа 1.838.837 денари