Милионски грабеж: Израелци во Јапонија украдоа 420 килограми златни плочки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кражбата на 420 килограми плочки од чисто злато вредни 17 милиони долари која ја направија двајца Израелци во Јапонија оправдано го носи името грабеж на векот во Јапонија. Среќа во оваа несреќа е што разбојниците не успеале да избегаат од раката на правдата.

58-годишниот Руевен Росен и 55-годишниот Давид Коен, двајцата од Израел, беа уапсени во Јапонија под сомнение дека учествувале во најголемиот грабеж на златни плочки во историјата на земјата.

Јапонските власти заплениле две серии на златни плочки со вкупна тежина од 420 килограми во вредност од 17,3 милиони долари.

Криумчарите се обиделе златните плочки да ги пренесат од Јапонија во Хонгконг, како делови за автомобили.

Јапонската полиција се сомнева дека Израелците криумчареле злато од Јапонија околу 50 пати и на тој начин успеале да изнесат од земјата околу четири тони златни плочки.