Милионите од ПСЖ ги зовриваат мозоците: Поради Мбапе цел тим од Монако го смени теренот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кој што и да кажува, не е воопшто лесно. Но, деновите, неделите и месеците минуваат, а по медиумите секој ден се пишува за стотиците милиони кои Пари Сен Жермен е сè поизвесно дека ќе ги даде за Килијан Мбапе.

Дечкото има само 18 години, па тоа само по себе е преголем притисок за него. Истиот мораше некаде и некогаш да пукне. И пукна! Според известувањето од L’Equipe, младиот фудбалски гениј од Монако минатата недела на тренинг се степал со соиграчот Андре Раџи.

Шефот на стручниот штаб Жардим потоа Мбапе го избркал од тренингот, но овој демонстративно одбил да се потчини на барањето од првиот човек на тимот. Поради тоа – а за ваков случај и реакција досега немаме чуено – целиот тим од Монако мораше да се премести на друг терен и таму да продолжи со тренингот.

Секако, многумина овој инцидент веднаш го поврзаа со желбата на Мбапе да ја примора управата од клубот да го продаде кај „Светците“ од Париз. За потсетување, ова лето Нејмар, пред да премине во дресот на ПСЖ, се степа со Нелсон Семедо, а потоа во Дортмунд вриеше помеѓу Роман Бурки и Усман Дембеле, кого Барса намерачи да го доведе на местото од Бразилецот.

Очигледно е дека милионите од ПСЖ ги „расипуваат“ и најголемите играчи. Премногу пари се тоа. Мозоците зовриваат од толку многу вредносни нули. Мбапе е веројатно готов. Уште ПСЖ да го убеди Монако.