Advertisements
Спорт

„Милионерите“ го крадат талентот на Арсенал

Геодин Зелалем е голема надеж на Арсенал, но многу лесно би можел да го напушти клубот уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

19-годишниот играч за врска кариерата ја започна во Херта, но потоа заедно со своето семејство се врати во САД и кариерата ја продолжи во една средношколска екипа.

За среќа неговиот талент пред три години го препозна Арсен Венгер и како 16-годишно момче го доведе во Арсенал, но Зелалем не ги исполни очекувањата.

Минатата сезона ја помина во Глазгов како позајмен фудбалер, а оваа сезона не е ни блиску до првиот тим на „топџиите“.

Англиските медиуми тврдат дека Борусија Дортмунд е одлучна во намерата да го донесе уште оваа зима. Неговиот договор истекува на лето, па не би требало да има препреку околу трансферот.

Advertisements
To Top