Милионер ги донирал сите пари – на своите децата не им оставил ништо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тројцата наследници од милионерот Чинг Ших од Хонгконг не добија ниту скршена пара од неговото 400 милиони долари „тешко“ наследство бидејќи тој сите пари ги донирал во хуманитарни цели, без да им остави нешто од нив на своите деца.

70-годишниот милионер Ших е познат како најголем тајкун во трговијата со недвижности во Хонгконг и својот удел во компанијата вреден 400 милиони долари целосно го донирал во хуманитарни цели.

Трите сина поради ваквата одлука на таткото живееле скромно и морале самите да си направат пат до успехот. Според написот во американското списание Блумберг, неговиот син Алекс Ших раскажува дека татко им пред да ги донира милионите им рекол дека повеќе ќе ги ценат парите и успехот доколку одат кон него чекор по чекор.

Сега Алекс треба да го наследи татко си, кога тој ќе се повлече од раководната позиција на компанијата за недвижности, за да го заземе неговото место. Вели дека зема само скромна плата за да преживее. Во детството одел во јавни училишта и е воспитуван да им помага на сиромашните.

Алекс, иако е втор човек во една од најмоќните компании за продажба на недвижности во Хонг Конг , работи во скромна канцеларија , ужива во планинарењето и штеди за да си купи свој стан.