Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот сопственик на фамозниот бренд Формула 1, милијардерот Берни Еклстоун, ќе стане татко по четврти пат и тоа на 89-годишна возраст.
Првиот син на Берни ќе се роди во јули, а тој веќе има три ќерки од претходните бракови. Од првиот брак со Ајви Бамфорд тој има ќерка Дебора (65), а во брак со Хрватката Славица ги доби Тамара (35) и Петра (31).
Неговата сегашна сопруга Фабијана Флоси, на 44 годишна возраст е бремена веќе шести месец и моментално е во изолација на фармата на Берни во Бразил.
View this post on Instagram
Берни годинава ќе го слави својот 90-ти роденден. Тој ја познава својата сегашна сопруга долги години, но нивната врска првично беше чисто професионална, се до бракот во 2012 година.