Милијардерот Бафет ги продаде сите акции во најголемите американски авио-компании


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатиот американски милијардер Ворен Бафет изјави дека неговата компанија „Беркшир Хатавеј“ ги продала сите свои акции кои ги поседувала во четирите најголеми американски авиокомпании.

Обраќајќи се на годишната средба на акционерите, Бафет оцени дека „светот се смеји“ поради коронавирусот.

Тој кажа дека згрешил што инвестирал во авионската индустрија, пренесува Би-би-си.

Бафет се обрати неколку часа откако „Беркшир Хатавеј“ објави рекордна загуба од 50 милијарди долари во првото тромесечје, пренесува Ројтерс.

Конгломератот имаше учество од 11 отсто акции во Делта ерлајнс, 10 отсто во Американ ерлајнс, 10 отсто во Саутвест ерлајнс и девет отсто во Јунајтед ерлајнс, покажуваат податоците од годишниот извештај на компанијата.

Беркшир Хатавеј почна да инвестира во овие четири авиокомпании во 2016 година, откако со години избегнувашее да вложува во авионската индустрија.