Славни

Милијардер на актерката ѝ понуди 2 милиони долари: „Побегнав кога чув што сака да правам“

Дерил Кац, канадски милијардер, доби лекција дека не може сè да се купи со пари и не е сè на продажба. Како во филмот „Непристоен предлог“, тајкунот на мажена жена ѝ понудил два милиони долари за да спие со неа, но разликата беше во тоа што тој сакал Бразилката Греис Санто со него да спие најмалку шест пати месечно во текот на една година.

За сето тоа дознал и сопругот на атрактивната Бразилка, инаку професионален коцкар и измамник кому му се затворени вратите во сите казина ширум светот, а кој веднаш пресметал дека повеќе им се исплаќа да го тужат милијардерот и така да се доберат до неговите пари. Роберт Сипријани тврди дека Кац им ја уништил нивната репутација, додека тој тврди дека обвинувањата се лажни, злонамерни и неосновани.

A post shared by Greice Santo (@greicesanto) on

Според Сипријани, Кац со месеци ѝ се додворувал на неговата сопруга, а потоа на Хаваи ѝ дал понуда која „не може да ја одбие“. Сепак, испаднало дека може да ја одбие, па паднале уште неколку други ветувања.

„Со себе носеше и негов роднина кој ѝ ветувал дека ќе ѝ помогне со актерската кариера, а тој роднина постојано повторувал дека Кац е многу богат и моќен“, кажува Сипријани.

A post shared by Greice Santo (@greicesanto) on

„Ми рече дека може да ми среди за добра улога во некој филм, но на крајот призна дека му е полесно да ми даде пари. Рече дека се работи за милиони“, изјави Санто.

На нејзиното прашање што треба да направи за тие пари, Кац едноставно одговорил: „Сакам секс“.

Санто на тоа истрчала од станот, но тука не е крајот на оваа филмска ситуација.

„Човекот ме опседнуваше. Мислам дека за тоа беше причина тоа што ги одбив неговите милиони“, вели таа.

Кога за неколку дена се вратил со приватен авион во Лос Анџелес, ја повикал на вечера и таа отишла на средбата. Се надевала, како што вели, дека ќе ѝ помогне во актерските води, но разговорот повторно тргнал во иста насока.

A post shared by Greice Santo (@greicesanto) on

Таа му се развикала дека не е проститутка и си заминала, па сега ќе се гледаат само на суд.

Advertisements
To Top