„MILF прва лига, среќен е тој кој ја има“: Раскошната Лиз Харли заводлива во бикини


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Имајќи во предвид дека се впушти во бизнис водите и произведува сопствена линија костими за капење, актерката Елизабет Харли свесна е дека самата е најдобар модел за рекламирање на своите дизајнерски „крпчиња“. Иако има 52 години, на нејзиното тело нема ни трага од стареење.

На фотката која ја објави на Инстаграм, задоволната Лиз позира со рацете кренати во воздух, облечена во микро бикини костим од својата најнова линија, за која најави дека наскоро ќе биде пуштена во продажба.

Меѓутоа, не е бикини костимот она кое прво им „запна“ за око на нејзините фанови, туку перфектно рамниот стомак и витките долги нозе кои ги поседува актерката. „Каква убавица, уф“, „Божица“, „Природна убавица“, „Прекрасна жена“, „MILF прва лига. Среќник е оној кој ја има“, се само некои од комплиментите во коментари.

Очигледно е дека Лиз и тоа како ужива во покажувањето на своето одлично извајано и одржано тело, бидејќи бикини фотографиите и оние на кои позира во долна облека сè почесто ги има на нејзините социјални профили.

Инаку, неодамна Харли беше видена во друштво на бившиот сопруг од мајката на манекенките Џиџи и Бела Хадид, па се шушка дека таа и Дејвид Фостер се новиот славен пар, иако уште нема официјална потврда.