Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на фудбалери на кој ќе смета за натпреварите со Грузија и Бугарија (ТУКА).
На списокот повторно го немаше Илија Нестороски кој полека почнува да добива минутажа во Удинезе.
„Нестор е играч кој има дадено многу за репрезентацијата и не заслужува да дојде да биде повикан за да игра 5-10 минути. Кога ќе биде повикан ќе сметам на него за „фул“ минутажа, во овој момент не е спремен“.
Во добра форма игра и Давор Здравковски кој би можел да биде решение во средниот ред.
„Со Давор Здравковски бев во комуникација и пред јунските натпревари, но мислам дека ритамот и начинот на кој игра каде што се наоѓа е достигнат лимитот и потребн е промена на она што го игра подолго време. Мора да го промени начинот на кој игра
Против Грузија натпреварот го играме на 23. септември, Бугарија ќе ја пречекме н 26. ноември.