Милевски утре до Владата поднесува оставка од министерската функција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сè уште актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски утре ќе поднесе оставка до Владата. Милевски, a се повлекува од министерската функција поради лични причини.

Според Милевски, до крајот на неделата се очекува неговата партија, Либерално-демократската партија (ЛДП) да предложи нов кандидат за министер.

-Се искучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски.

Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.