Актуелно

Миленко Неделковски приведен на информативен разговор

Миленко Неделковски е приведен во велешката полициска станица, каде се наоѓа на информативен разговор. Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат.

Според извори на истрагата, Неделковски овој пат е повикан поради нов случај, односно предистрага за Фејсбук статуси во кои именува одредени политичари од државава. Предметот е отворен во последните неколку дена. Инаку Неделковски доби обвинение поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го пласираше на својот јавен профил на социјална мрежа.

„Живи гореле на Атика… Не ги жалам… Сите до еден да изгорите.“ – ова се дел од контроверзните пораки на Миленко Неделковски, за кои му се заканува кривична одговорност.

Основното јавно обвинителство пред три дена отвори истрага за неговите постови на социјалните мрежи, во кои изразува задоволство што летните пожари во Грција однесоа стотици човечки животи.

ОЈО го товари за ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот законик.

Advertisements
To Top