Спорт

Миланско дерби за Артуро Видал

Италијанските медиуми пренесуваат дека миланските гиганти Интер и Милан ќе водат битка за потписот на Артуро Видал.

Видал има договор со Баерн Минхен до 2019 година, но се уште нема никакви најави за продолжување на соработката.

Медиумите во Германија тврдат дека Баварците се спремни да го продадат, особено поради фактот што веќе го договорија трансферот на Лео Горецка и сакаат да направат место во тимот за младиот Германец.

Видал сака да се врати во Италија, а миланските клубови се спремни да ја искористат ситуацијата и веќе започнале да работат на трансферот.

Интер го сакаше Чилеанецот уште минатото лето, но сега во трката се вклучи Милан кој покажува сериозен интерес за искусниот играч за врска.

Останува да видиме каков ќе биде изборот на Видал, но многу е веројатно дека од следната сезона ќе игра во Милано.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top