Миланските гиганти го сакаат стоперот на Ливерпул!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мамаду Сако оваа сезона не одигра ни една минути за Ливерпул, па јасно е дека во јануари Французинот ќе ја промени средината.

Според „Паризиен“ голем интерес за потписот на Сако покажуваат двата милански гигнати Интер и Милан кои сакаат да ја засилат одбраната во зимскиот преоден рок.

Договорот на Сако истекува во 2020 година, но, јасно е дека за него нема веќе место во Ливерпул, па тоа сакаат да го искористат италијанските клубови.

Весникот тврди дека двата клуба се спремни да платат 10 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе биде доволна за „црвените“ да му ја отворат излезната врата.