Милан започна преговори за полската „гол машина“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан подготвува шокантен трансфер на полската „гол машина“ Криштоф Пијатек, пренесува еминентната „Газета дело Спорт“.

Напаѓачот на Џенова е посочен како идеален заменик на Гонзало Игуаин, кој готово сигурно до крајот на преодниот рок ќе се пресели во Челзи.

Клупските директори Паоло Малдини и Леонардо не отпатуваа со тимот во Џеда и останаа во Милано за да работат на трансферот на Пијатек.

Преговорите со Џенова се веќе започнати, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра. Во моментов двата клува разговараат за формулата на трансферот, „росонерите“ сакаат да платат 10 милиони за позајмица и додатни 30 милиони евра за откуп, плус бонуси.

Пијатек оваа сезона блеска во дресот на Џенова и веќе постигна 13 гола во Серија а, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.