Home Спорт Милан започна преговори за „новиот Виеира“

Милан започна преговори за „новиот Виеира“

Милан веќе размислува за засилувања за следната сезона, а прв на листата е ѕвездата на Ајакс, 20-годишниот играч за врска, Рајхедли Бзур.

Како што пренесуваат холандските медиуми двете страни се во поодминати преговори, а трансферот би требало да изнесува 22 милиони евра.

„Во постојан контакт сме со директорите на Милан и можам да кажам дека преговорите се веќе од поодамна започнати“, изјави за „Телеграф“ агентот на Базур.

Овој фудбалер во Холандија го споредуваат со Патрик Виеира, бидејќи по стилот на игра премногу наликува на славниот Французин, кој своевремено беше член и на Милан.

За Базур инетрес покажуваат многу европски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Арсенал и Борусија Дортмунд, но Милан е најконкретен.

Базур игра одлично во дресот на Ајакс, а минатата година дебитираше и за холандската репрезентација.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…