Милан заинтересиран за англиски репрезентативец!

x-default

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул и англиски репрезентативец Даниел Стариџ.

Стариџ оваа сезона не добива голема минутажа кај Јирген Клоп и размислува да ја промени средината, а покрај неколкуте англиски клубови интерес за него покажува и Милан.

Тренерот на „росонерите“ смета дека Стариџ би бил идеална замена за Карлос Бака и дека подобро ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

„Росонерите“ се спремни да платат 30 милиони евра за потписот на Англичанецот, но најпрво ќе треба да се ослободат од Бака бидејќи за двајцата нема да има место во нападот.

Покрај Милан интерес за Стариџ покажува и Тотенхем, па останува да видиме кој ќе победи во трката за неговиот потпис.