Милан за Божиќ во КАРАНТИН!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на италијанскиот гигант Милан реши да ги „казни“своите фудбалери после срамниот пораз во Верона.

Милан бележи лоши резултати од почетокот на сезоната, но високиот пораз од Верона ја прелеа чашата.

Имено, Вечерва „росонерите“ имаа закажано бижиќна прослава во еден хотел во центарот на Милано, на која требаше да дојдат играчите со семејствата, тренерите и директорите.

Меѓутоа, во „црвено-црниот“ дел од Милано не му е до славење, па клубот од „Сан Сиро“ ја откажа прославата. Притоа, раководството одлучи играчите од денес да бидат во карантин.

Одлуката за ова ја донеле спортскиот директор Масимилиани Мирабели и генералниот директор Марко Фасоне во консултација со тренерот Џенаро Гатузо.

Милан не прецизираше до кога играчите ќе бидат во карантин, но најверојатно Божиќ ќе го поминат во тренинг кампот, бидејќи на 27-ми се игра градското дерби против Интер во четвртфиналето од Купот.