Милан – Уште едно засилување е на прагот, а потоа…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милан без никаков сомнеж е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот. Иако официјално трансфер пазарот беше отворен пред пет дена, „росонерите“ веќе претставија шест нови засилувања.

„Росонерите“ ги купија Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини и Хакан Чалханоглу и потрошија околу 100 милиони евра, а генералниот директор Фасоне изјави дека уште едно засилување е на чекор од „Сан Сиро“.

„Веќе потрошивме околу 100 милиони евра на засилувања. Се надевам дека ќе купиме уште еден играч. Потоа ќе повлечеме линија и ќе работиме на кратење на составот, а потоа повторно ќе се вратиме на трансфер пазарот“, изјви Фасоне.

Фасоне алудираше на Андреа Конти од Аталнта чии трансфер е веќе договорен и за 24 милиони евра ќе се пресели во Милан.

Потоа Милан ќе се обиде да ги продаде непотребните фудбалери (Бака, Лападула, Нианг, Бертолачи, Кучка и Де Шиљо), а медиумите тврдат дека сигурно ќе биде доведен уште еден централен напаѓач, еден играч за врска и едно крило.