Home Спорт Милан тргнува по ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Милан тргнува по ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сака дополнително да го засили тимот во јануарскиот преоден рок, а главна цел ќе биде играчот на Манчестер Јунатед, Андер Ерера.

„Росонерите“ се во потрага по играч за врска кој ќе може да биде алтернатива за Лукас Биглиа и сметаат дека токму Ерера би бил идеално засилување.

Шпанецот не добива голема минутажа кај Мурињо во последните две сезони, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави дека ќе биде продолжен.

Милан внимателно ја следи ситуацијата и наводно веќе стапил во контакт со неговиот агент, па е спремен да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.

„Црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани да го продадат 29-годишниот играч за врска во јануари доколку сакаат да заработат, бидејќи Ерера на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…