Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанските медуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за младиот напаѓач на Селтик и француски репрезентативец Муса Дембеле.
Дембеле минатата сезона блесна во дресот на Селтик, постигна 32 гола, а особено се прослави со головите портив Манчестер Сити во ЛШ и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
20-годишниот Французин важи за еден од најталентираните напаѓачи во светот и за него интерес покажуваат многу европски гиганти, но „Скај Спорт“ тврди дека Милан е во пол позиција.
„Росонерите“ наводно веќе почнале преговори со Селтик и се спремни да понудат 35 милиони евра за неговиот потпис, но ќе треба да ја победат конкуренцијата во Челзи, Арсенал, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.
Милан сака за следната сезона да донесе двајца напаѓачи, прва цел и понатаму останува Алваро Мората, но целта е покрај Шпанецот да пристигне уште еден талентиран напаѓач, а на радорот покрај Муса Дембеле е и Андре Силва од Порто.