Милан спреми 30 милини за бразилски тинејџер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за бразилскиот талент Линколн, кон настапува за Фламенго.

17-годишниот напаѓач важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка, а особено внимание привлече со настапите на Светското првенство за играчи до 19 години.

Линколн веќе има неколку настапи за првиот тим на Фламенго и е на радарот на неколку европски гиганти.

Тој има договор со бразилскиот клуб до 2020 година, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и наводно веќе стапил во контакт со неговиот агент. Медиумите тврдат дека „росонерите“ веќе спремиле официјална понуда од 30 милиони евра за неговиот потпис.