Милан со победа ја заврши ерата на Беркускони!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан синоќа со 2:1 ја совлада Фиорентина и така со победа ја заврши ерата на Беркускони, која важи за една од најтрофејните во историјата на фудбалот.

Имено, следната недела италијанскиот гигант и официјално ќе премине во рацете на кинески конзорциум, па овој натпревар беше последен за Милан во ерата на Берлускони.

По натпреварот тренерот Монтела во името на целиот тим му ја посвети победата на претседателот и на Галиани.

„Во мое, и во името на целиот тим му ја посветуваме победата на претседателот Силвио Берлускони и на Адриано Галиани. Не знаеме дали ова беше негов последен натпревар на Сан Сиро, но навистина сакаме нему да му ја посветиме победата“, истакна Монтела.

„Берлускони го направи Милан најтрофеен и најпопуларен италијански клуб. Тоа сигурно е една од најтрофејните ери во историјата на фудбалот и среќни сме што му ја подаруваме оваа победа“, додаде италијанскиот стратег.