Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан потврди дека испратил финална понуда до Евертон за младиот шпански репрезентативец, Жерар Делуфеу и сега се чека одговор од Евертон.
„Росонерите“ го сакаат Делуфеу на позајмица до крајот на сезоната за која ќе платат половина милион евра, и следното лето да можат да го откупат неговиот договор за 18 милиони евра.
„Ја испративме последната понуда до Евертон за Делуфеу, станува збор за платена позајмица со право на откуп. Доколку ја прифатат одлично, доколу не, тогаш ќе се насочиме кон друг фудалер“, изјави Адриано Галиани.
Од Евертон пристигнуваат позитивни сигнали за „росонерите“, бидејќи менаџерот Роналд Куман изјави дека играчот е слободен да си најде нов клуб доколку сака.
„Најдоброто за Жери е да собира минути на теренот некаде на друго место. Ако тој најде каде да оди и да игра, нема проблем“, изјави Куман.