Милан потврди: Ќе добиеме санкции од УЕФА


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Генералниот директор на Милан, Марко Фасоне призна дека клубот е под мониторинг на УЕФА и дека е можно да претрпи санкции за непочитување на Финансискиот фер-плеј.

Делегација на „росонерите“ денес по трет пат беше на состанок со УЕФА во Нион, каде ја презентираа финансиската состојба на клубот.

„Ова е трет пат како се сретнуваме со оваа комисија. Им ја претставувме финансиската состојба, која е подобра од очекувањата. Им претставивме план за следните неколку години и како Милан ќе го запазува финансискиот фер-плеј. Претходните сопственици на клубот не ги запазувале параметрите од 2014 до 2017 година. Ќе има санкции, но се надеваме дека нема да бидат тешки“, потврди Фасоне.

„Трансферите? Нема да имаме потреба да продаваме играчи. Идејата ни е да го засилиме тимот со тројца нови фудбалери. Меѓутоа фановите не треба да очекуваат трансфер кампања како минатото лето“, потвди директорот на „росонерите“.