Милан победи со деветмина: Ние сме тим со срце и мадиња!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан славеа во Болоња со 1:0 во натпревар од 18-то коло, кој беше одложен поради натпреварот во Суперкупот на Италија.

Марио Пашалиќ го постигна единствениот гол за Милан во претпоследната минута на стадионот во Болоња и ја прекина серијата од три превенствени порази во кои се наоѓаше тимот на Монтела.

Милан до победата стигна со двајца фудбалери помалку, откако најпрвин поради два жолти каротони беше исклучен Палета, а во по еден час игра истото го снајде и Куцка.

„Тешко е да се задржат емоциите по еден ваков меч. Ова е голема победа која вреди повеќе од три бода, докажува дека ова е тим со душа, срце и мадиња. Ни беше потребно да си покажеме дека го имаме тој дух со нас, ова беше победа заработена со комплетна посветеност“, изјави Монтела.