Home Спорт Милан одби 40 милиони за младата ѕвезда

Милан одби 40 милиони за младата ѕвезда

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан одбил понуда од 40 милиони евра за младиот играч за врска Франк Кеси.

21-годишниот играч за врска пристигна во Милан минатото лето за 28 милиони евра од Аталанта и веднаш се наметна како незаменлив дел од стартниот тим.

Кеси одигра фантастична сезона, а тоа не остана незабележано кај многу европски клубови.

„Скај Италија“ пренесува дека Вулверхемптон доставил понуда од 40 милиони евра, која експресно била одбиена од страна на „росонерите“. Интерес за играчот покажуваат уште Атлетико Мадрид и Евертон.

Милан не ни помислува да се раздели со Кеси и подготвува нов договор, кој треба да биде потпишан по завршувањето на преодниот рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…