Милан очаен со реми на домашен терен, Жиру го покори Белград – сите резултати од Лига Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан отвори нова страница во својата резултатска криза, откако „росонерите“ не успеаја да го победат грчкиот АЕК Атина во третото коло на Лигата на Европа. Со тоа, дополнително, се зголемува и притисок на тренерот Винченцо Монтела.

Милан имаше три порази во низа во Серија А, но затоа пред овој меч имаше шест победи во шест меча во Лигата на Европа, ако се сметаат и квалификациските натпревари (како против Шкендија). Меѓутоа, наместо убедлива победа над грчкиот преставник, Милан на неколку пати во првото полувреме се бранеше од пораз, откако Матео Музакио за малку ќе си постигнеше автогол, а потоа Цанетопулос при крајот на полувремето го тестираше Џиџи Донарума.

Мечот од „висок ризик“ меѓу албанскиот Скендербег и Партизан заврши без голови, така што домашните фудбалери ќе ја добијат ветената премија од 50.000 евра за освоениот поен.

 

Со голот во 85. минута, Оливие Жиру ги згасна надежите за победа кај сланите Делии и му донесе на Арсенал значајна победа на гостувањето во Белград кај Црвена ѕвезда.

По десетина години чекање, навивачите на Ѕвезда имаа шанса да пречекаат голем клуб на својата „Маракана“, на која имаше 52 илјади гледачи. Борбениот меч, по сè изгледа, беше решен во 80. минута кога Милан Родиќ по еден дуел со Кокелан го добива вториот жолт картон и домаќините остануваат со играч помалку.

Само пет минути подоцна, по проигрувањето меѓу Тео Волкот и Џек Вилшир, со одличен гол од свртување Жиру им ја носи клучната предност на „топчиите“.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 3.КОЛО

ГРУПА А

Астана – Макаби Т.А. 4:0

Виљареал – Славија Прага 2:2

ГРУПА Б

Динамо Киев – Јанг Бојс 2:2

Скендербег – Партизан 0:0

ГРУПА Ц

Брага – Лудогорец 0:2

Хофенхајм – Башакшехир 3:1

ГРУПА Д

Милан – АЕК Атина 0:0

Австрија Виена – Риека 1:3

ГРУПА Е

Аталанта – Аполон Лимасол 3:1

Евертон – Лион 1:2

ГРУПА Ф

Шериф – Локомотив М. 1:1

Злин – Копенхаген 1:1

ГРУПА Г

Хапоел Бер Шева – ФЦСБ 1:2

Лугано – Викторија Плзењ 3:2

ГРУПА Х

БАТЕ Борисов – Келн 1:0

Црвена звезда – Арсенал 0:1

ГРУПА И

Коњаспор – Салцбург 0:2

Марсеј – Виторија Гимареш 2:1

ГРУПА Ј

Естерсундс – Атлетик Билбао 2:2

Зорја – Херта 2:1

ГРУПА К

Ница – Лацио 1:3

Зулте-Варегем – Витесе 1:1

ГРУПА Л

Вардар – Реал Сосиедад 0:6

Зенит – Розенборг 3:1