Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сериозно облаци надвиснаа над италијанскиот гигант Милан, откако УЕФА потврди дека клубот не е во согласност со параметрите на Финансискиот фер-плеј.
Сега се очекува санкција од УЕФА, а италијанските медиуми пренесуваат дека таа најверојатно ќе биде сурова, односно Милан ќе биде исфрлен од европските натпреварувања.
Денес „Газета дело Спорт“ пренесе дека раководството на Милан гледа со песимизам и дека веќе се припрема да биде исфрлен од Лига Европа.
Причината за ваквата санкција е што претседателот на Милан Јанхонг Ли се уште не го вратил заемот од 300 милиони евра од фодот „Елиот“. Иако самиот фонт гарантираше за ликвидноста на холдингот кој го поседува Милан, сепак УЕФА не го прифати договорот.
Генералниот директор на Милан, Марко Фасоне вчера изјави дека доколку клубот биде исфрлен од Лига Европа плановите на трансфер пазарот нема да се променат. Имено, сите најважни играчи ќе останат во тимот, а ќе бидат донесени 3 – 4 нови засилувања.